петок, 22 ноември 2024

Реакции по вчерашните случувања во М-НАВ: Ова е тероризам

Вчерашните случувања во салата на контролорите на летање, насилниот упад на членови на ДУИ и на Бекир Незири од огранокот на ДУИ во Чаир, вработен во М-НАВ, предизвика бурни реакции во македонската јавност. Сите се едногласни во поддршката на постапките на Синдикатот на контролорите на летање, а упадот во контролата на летање за некого е и акт на тероризам.

Објавено на

часот

Сподели

„Според моите скромни познавања на кривичното право и криминалитетот, па и општо на светските случувања (9/11) упад на меѓународен аеродром во затворена служба која контролира меѓународни летови и има посебен степен на заштита од група лица без дозволен пристап е акт на тероризам, а последиците колку можат да бидат страшни да не зборувам“, напиша адвокатот Драги Пешевски по упадот на луѓе од ДУИ во простории на М-НАВ каде нападнале тројца вработени.

Игор Дурловски, оперскиот пејач и учесник во настаните на 27 април 2017 година на својот фејсбук-профил иронично напиша: Ние бевме терористи. а овие од ДУИ/СДС државници. Мир да немате сите заслужни за државата свртена наопачки!

Докторот Александар Митов дава максимална поддршка на контролорите на летање. „Ако треба и протести да се организираат низ цела држава, ова лудило мора да престане!“

Отепани сме на земјава што ја газиме, дуизираната држава сака и во воздух да не сме безбедни, коментира професорката Билјана Ванковска.

„Среде работно време и 70-тина авиони кои биле на македонското небо, објектот на контрола на летање е нападнат од насилници. Тие влегле во кругот на објектот пуштени од обезбедувањето и тепале контролори кои во тоа време насочуваат летови! До овој момент директорите не го осудиле ‘настанот’. Мојот коментар: Овде некој треба да лета – на клоци! А не да слави роденден во владино министерство!

Ќе се осмелам да кажам: ова е фрлена ракавица особено во лицето на нашите сограѓани Албанци! Да видиме дали се тие спремни да трпат ваква закана по општата безбедност и здравиот разум“, напиша Ванковска.

„Ој државо ДУИ-зирана и криминална. Не можеш ни сопствените фирми да ги заштитиш. Се распаѓаш од власт мафија“, напиша на својот фејсбук-профил Жанета Трајковска, директорка на Институтот за комунукациски студии.

„До утрово требаше сите 8 насилници на ДУИ да се приведени, да има поднесок за терористичко делување, обезбедувањето на објектите да е отстрането и во полициска станица, а директорите да се разрешени и против нив да има веќе поднесок до ОЈО.

Ама неее, вие со ДУИ ќе одите заедно во Европа. Едните криминалци, другите кукавици, заедно уништувачи на секоја нормална општествена келија што остана во државава“, напиша Трајковска.

Граѓанската сила Замисли изрази безрезервна поддршка на битката против партизација на М-НАВ, предводена од Синдикатот на контролорите на летање, каде претседател е нивниот  активист Александар Тасевски.

„Ја поздравуваме најавата на Владата за разрешување на целокупното раководство на М-НАВ и за ревизија на досегашното работење.

За демонстрацијата на сила преку насилничкиот упад во М-НАВ, пак, што директно ја наруши безбедноста на вработените и на авиосообраќајот на македонското небо, бараме и мора да има правна разврска и кривична одговорност.

Битката за професионалност во М-НАВ е битка на сите нас, за држава на граѓаните, а против држава разбрана како сопственост на политичко – криминални групации.

Таа битка се води постојано и не треба да се чекаат криминални и насилни упади или ескалација на состојбите за да се преземат мерки, особено ако се има предвид дека Синдикатот алармираше за овие процеси од многу одамна.

Овој Синдикат, воедно стана и симбол на професионален интегритет и пример за пркос против партизацијата, која освен што ги подрива институциите, почна да биде и директна закана за безбедноста и животот на граѓаните.

Оваа победа, доколку Владата си остане доследна на најавата, е пример како организиран и обединет отпор од професионалци поддржан од јавноста може да предизвика сериозни системски промени и да ги поттикне на акција носителите на одлуки.

Без јасна линија помеѓу државата и партијата, без да се знае каде завршува партијата, а каде почнува државата, нема ниту држава, ниту иднина.

Вистински луѓе на вистински места е нашето мото – и тоа очигледно е поважно од кога било“, објави тимот на Солуција, основачи на Граѓанската сила Замисли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ