петок, 25 октомври 2024

Разбојник од Скопје заврши во притвор

Полициски службеници од  Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(32) од Скопје, кој бил баран поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела разбојништво на територијата на Скопје.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, денеска СВР Скопје –  ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И. поради постоење основи на сомнение за извршени четири кривични дела разбојништво, казниво по член 237 од Кривичниот законик.

Од судија на претходна постапка на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ