петок, 22 ноември 2024
Истражување на МКД.мк

Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски, се зголемува и бројот на граѓаните кои би гласале

Декемвриската анкета на МКД.мк која ја спроведе агенцијата Маркет вижн во споредба со претходните покажува дека расте бројот на граѓаните кои би излегле да гласаат на наредните избори. И оваа анкета го потврди трендот на раст на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и падот на владеачката СДСМ. Меѓу испитаниците почна да се појавува и новата политичка партија ЗНАМ и нејзиниот претседател Максим Димитриевски.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето „во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба“, 12,95 отсто од испитаниците го посочија името на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 6,65 отсто од нив го избраа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во актуелниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски доверба имаат само 4,25 отсто од гласачите, во Димитар Апасиев, првиот човек на Левица 3,5 %…

л

За првпат во истражувањата на МКД.мк се појавува и името на Максим Димитриевски, претседателот на новата политичка партија ЗНАМ со 2,1 отсто доверба.

Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија.

Кај лидерите, според анкетите на МКД.мк во февруари, јуни септември и декември, воочлив е растот на популарноста на Мицкоски (од 11 на 13%), падот на Ковачевски (од 8,2 на 4,3 отсто) и на Апасиев (од 4 на 3,5%), и стабилноста во популарноста на Али Ахмети околу 6 отсто.

п

За тоа во која партија се убедени граѓаните дека ќе победи на наредните избори, 16,35 отсто од испитаниците сметаат дека е тоа ВМРО-ДПМНЕ, 5,95 отсто од ипитаниците се убедени во победата на ДУИ, а за СДСМ се определиле 5,65 отсто.

Трендот на партиите од оние испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат, во споредба со претходните анкети на МКД.мк, покажува голем раст на определеноста на гласачите за ВМРО-ДПМНЕ – од 21,8 отсто во февруари 2023 до 26,7% во декември. Кај СДСМ опаѓа популарноста кај испитаниците кои се определиле – од 12,4 % во февруари до 9,2 % во декември.

д

Кај ДУИ, како партија која е дел од владеачката коалиција, регистриран е раст кај определените гласачи – од 8,2 во февруари на 9,7 % во декември. Кај албанскиот политички блок, опозициската тројка, Беса, Алтернатива и Демократско движење на Изет Меџити, се далеку од процентот на популарност на ДУИ.

Пад на популарноста кај определените е регистриран и кај Левица – од 7,1 отсто во септември годинава, на 6,6 % во декември.

Повеќе од 60 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат на следните избори. И тука забележлив е трендот на заинтересираноста на граѓаните за гласање. Во јуни таа бројка беше 56,8%, септември 52,2% и декември 61,2 отсто.

н

Анкетирањето беше спроведено од 8 до 15 декември со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

                                                                                                                                                                          А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ