вторник, 22 октомври 2024

Растат тензиите на Куба: По руската флота во Хавана, Американците испратија подморница во Гвантанамо

Подморница на американската воена морнарица вплови во заливот Гвантанамо, еден ден откако на Куба пристигна флота руски воени бродови кои ќе учествуваат во воени вежби на Карибите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската Јужна команда соопшти дека подморницата на нуклеарен погон УСС Хелена вчера впловила во водите во близина на американската воена база на Куба, еден ден откако руска фрегата, подморница на нуклеарен погон, нафтен танкер и спасувачки брод влегоа во Хаванскиот Залив по вежбите во Атлантскиот Океан.

Впловувањето на американската подморница е дел од „рутинска посета на пристаништето“ додека плови низ регионот кој го покрива Јужната команда, се наведува. Други американски бродови исто така ги следат и набљудуваат руските бродови, за кои Пентагон тврди дека не се закана за Соединетите Американски Држави.

„Тоа не е изненадување. Претходно гледавме таков вид посети на пристаништа. Нормално, ги земаме предвид, но тие вежби не претставуваат закана по САД“, изјави во средата портпарол на Пентагон.

Руските бродови стигнаа на Куба помалку од две недели откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ дозволи на Украина да користи американско оружје за напади на руска територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ