сабота, 19 октомври 2024

Расчистувањето на шумите во Амазонија во јули паднало за 66 отсто

Објавено на

часот

Сподели

Сателитските снимки на бразилската агенција за вселенски истражувања ИНПЕ покажуваат дека во јули се расчистени 500 квадратни километри прашума, што е за 66 отсто помалку од истиот период минатата година.

Во првите седум месеци од годината дефорестацијата кумулативно паднала за 42,5 отсто во однос на истиот период во 2022, покажуваат прелиминарните податоци на ИНПЕ.

Последователните падови во јуни и јули се особено ветувачки бидејќи во тие месеци претходно се бележеше најголемото расчистување бидејќи станува збор за сушен период.

„Гледаме пресврт во кривата на растот на расчистувањето на шумите“, кажа секретарот на министерството за средина Жоао Пауло Капобјанко во Бразилија.

Овие податоци доаѓаа воочи состанокот на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва со лидерите на амазонските земји на самит во северен Бразил, на тема заштита на најголемата светска прашума.

Лула во средата кажа дека на самитот за првпат ќе се обидат да усогласат заеднички пристап за заштита на регионот, што ќе вклучува прашања за безбедноста на границите и барање до приватните компании да учествуваат во пошумувањето на 30 милиони хектари.

Левичарскиот претседател повторно го презема водењето на Бразил во јануари со ветување дека ќе ја сопре дефорестацијата до 2030 година, по забрзувањето на сечењето под претходниот претседател Жаир Болсонаро, кој ги укинуваше регулативите за заштита на средината, пишува Ројтерс.

Експертите го поздравија успорувањето на расчистувањето под владата на Лула, но и повикаа на понатамошна претпазливост во претстојните месеци кога е сезоната на најголемите пожари.

„Тоа е многу значителен пад за сушен месец“, кажа директорката на еколошката организација ВВФ за Бразил Маријана Наполитано зборувајќи за податоците за јули.

Таа кажа дека тоа покажува дека преземените вонредни мерки даваат резултат, но предупреди дека дефорестацијата на Амазонија останува на високо ниво и дека ќе биде потребно понатамошно дејствување за таа да сопре до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ