сабота, 19 октомври 2024

Расчистувањето на шумите во Амазонија паднало за 31 отсто откако Болсонаро не е претседател на Бразил

Објавено на

часот

Сподели

Податоците на вселенската агенција ИНПЕ се добри вести за здруженијата за заштита на околината кои се надеваат во Лула, кој ја презема претседателската должност на 1 јануари и кој вети дека ќе се залага за прекин на незаконското расчистување на шумите по порастот на сечата и пожарите во Амазонија во мандатот на крајно десничарскиот претходник Жаир Болсонаро.

Во времето на Болсонаро, сојузник на моќниот земјоделски и сточарски сектор, просечната годишна дефорестација се зголеми за над 75 отсто во споредба со претходната деценија. Лула во понеделникот го одбележа Светскиот ден за заштита на средината најавувајќи голем нов план за борба против сечењето на шумите, вклучувајќи запленување на половина од територијата која незаконски се искористува за сечење, земјоделство, рударство и други активности во заштитено подрачје.

„Бразил игра голема улога во рамнотежата на климата на нашата планета, главно благодарение на Амазонија“, кажа Лула. „Спречувањето на дефорестацијата во Амазонија помага и во намалување на глобалното загревање“.

Експертите велат дека вистинскиот тест за владата околу сечењето на шумите ќе почне во претстојните месеци бидејќи околу јули почнува најголемата суша во Амазонија, што е најинтензивниот период за сечење и шумски пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ