сабота, 20 јули 2024
Серија А

Раниери во солзи откако го внесе Каљари во Серија А, тој и клубот имаат посебна приказна (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во почетоците од неговата тренерска кариера, Клаудио Раниери во Каљари пристигна во 1988 година, тогаш тимот беше во Серија Ц. Под негово водство се пласираа во Серија Б, па во Серија А.

Во декември минатата година 71-годишниот Раниери се врати во Каљари со цел повторно да ги однесе во Серија А. 

Кога тој пристигна, Каљари беа на 14. место. Оттогаш врза 10 меча без пораз, на вкупно 24 натпревари загуби само два пати. И во финалето од плејофот успеа да го победи Бари со гол во 94. минута од натпреварот.

По последниот судиски свиреж Раниери прсна во солзи, ова е уште еден негов подвиг кој ќе се раскажува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ