вторник, 22 октомври 2024

Ракетен напад врз централниот дел на Израел

Денеска беа истрелани ракети кон централниот дел на Израел, пренесува Тајмс оф Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Се слушнаа многубројни експлозии, а се огласија и сирените во многу градови, меѓу кои Тел Авив, Херцлија и Ранана, Холон и Ход Хашарон.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Канал 12 пренесува дека 1,5-2 милиони луѓе морале да одат во засолништа поради ракетниот напад. Конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас започна на 7 октомври, кога Хамас почна да го гранатира јужниот дел на Израел, по што следуваше копнена инвазија.

Израел одговори со силни воздушни напади и блокада на Појасот Газа, а вчера копнените трупи на израелската армија влегоа во палестинската енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ