вторник, 22 октомври 2024

Ракетен напад од Либан во северен Израел, Тел Авив ги прекинува сите контакти со Газа (ВИДЕО)

Скај њуз добил снимка од градот Шмона во северниот дел на Израел, каде што ракетните напади предизвикале пожари и уништување.

Објавено на

часот

Сподели

Ракетен оган од јужен Либан го погоди во четвртокот Израел, предизвикувајќи голема штета во северниот град Кирјат Шмона, додека престрелките на северната граница се интензивираа, а милицијата спонзорирана од Иран, првично распоредена во Сирија, почна да ѝ помага на терористичката група Хезболах, објави Тајмс оф Израел.

Во текот на вечерта се слушаа ракетни сирени во северните населби, при што најмалку еден проектил удрил во Кирјат Шмона, запалувајќи ги продавниците и автомобилите во главно евакуираниот град.

Иранските медиуми пишуваат дека станува збор за ракети на Хезболах, но одговорноста ја презеде Хамас, велејќи дека истрелал 12 ракети.

Израелските одбранбени сили одговориле на овој и на претходните напади со неколку напади врз позициите на Хезболах.

Хезболах вчера соопшти дека извршил истовремени напади врз 19 позиции во Израел долж границата со Либан.

Канцеларијата на Нетанјаху: Израел ги прекина сите контакти со Газа

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека министрите гласале за пренос на даночните средства што тој ги собрал за Палестинската управа (ПА) во Рамала, но ги одбиле парите наменети за Појасот Газа.

Одлуката на израелскиот безбедносен кабинет дојде во време на тензии во владата околу тоа дали некои даночни приходи на Западниот Брег треба ѝ да се префрлат на ПА.

„Израел ги прекинува сите контакти со Газа“, се вели во соопштението на канцеларијата. Нема да има повеќе палестински работници од Газа, а работниците што биле во Израел на денот на избувнувањето на војната ќе бидат вратени во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ