На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.
„Преговорите меѓу Бугарија и С.Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за Договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу С.Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за С.Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на С.Македонија“, рече Радев во изјава за бугарски медиуми.
Според него, работите се и повеќе од јасни и дека Македонија треба да ги исполни барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија, како што рече, може да помага во тој процес.
„И ќе повторам по којзнае кој пат, ние сме подготвени и ние треба да помогнеме. Тоа е нашата одговорност, и тоа да помагаме С.Македонија побрзо и поефективно да ги исполни условите запишани во двостраниот протокол и во Преговарачката рамка, така што би можеле посигурно да чекорат по европскиот пат“, изјави бугарскиот поретседател