петок, 25 октомври 2024

Радев поднесе жалба до бугарскиот Уставен суд за рускиот гас, Бектеши најавува барање за обештетување

Претседателот на Бугарија Румен Радев поднесе жалба до бугарскиот Уставен суд за таксата за пренос на рускиот природен гас. Ова нема да го спречи спроведувањето на законот, изјави министерот за финансии на Бугарија Асен Василев. Сите земји кои ја користат мрежата за пренос на гас мора да докажат дали овој природен гас е руски или не, додаде тој.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот не го штити националниот интерес, барем не како јас што го разбирам“, рече Василев. Со својата одлука Радев се огласи како бранител на „Гаспром“.  Василев вели дека новиот данок за транспорт на природниот гас не го поскапува природниот гас на Србија, Македонија и Унгарија, туку само го намалува профитот на „Гаспром“.

Бугарија годинава од „Лукоил“ треба да добие вкупно околу 400 милиони лева, вклучувајќи ги и веќе платените 154 милиони лева.

Радев наведува дека со одлуката ва владата прекршени се голем број одредби содржани во бугарскиот Устав, прекршени се принципите на гарантирање на правото на сопственост и слободната економска иницијатива. Медиумите пишуваат дека режимот на санкции на ЕУ не предвидува земја- членка на Унијата, самостојно да воведува дополнителни ограничувања. На оваа одлука реагирала и ЕУ, со образложение дека  е спротивна на европските правила.

Оваа нова такса за пренос на гасот преку територијата на Бугарија ќе ја зголеми цената на гасот и сериозно ќе влијае на македонското стопанство.

Од НОМАГАС, компанијата која го врши преносот на гас во Македонија, велат дека веќе испратиле барање до Бугарија да се ослободи капацитетот на посточекиот гасовод од закупот на Гаспром за да може преку единствената цевка од каде влегува гасот во земјава, да се донесат поголеми количини и од други места. 

Данокот за транзит руски природен гас преку бугарска територија сега изнесува 20 бугарски лева (10 долари по мегават час).

Минстерот за економија на Македонија Крешник Бектеши денеска изјави дека ќе бара отштета од Бугарија, ако земјава биде принудена да плаќа данок за руски гас. Вели дека додека е тој министер нема да дозволи какви било условувања. Тој бара Бугарија веднаш да ги ослободи капацитетите на постоечкиот гасовод, со кој се поврзуваме, од закупот на Гаспром за да може тука да се внесат поголеми количини гас и од други земји, а не само руски, за кој Бугарија воведе данок. Барањето е испратено и до Софија и до ЕУ.

Ако не се прифати ова барање Македонија ќе се соочи со нов ценовен шок.

„Да уценуваш друга држава на воков начин е неприфатливо и спротивно на начелата на ЕУ, а јас колку што знам тие се членка на ЕУ и тие механизми треба да ги укинат, вели Бектеши.

Со одлуката на Бугарија за воведување на данок за руски гас се опфатени и Србија и Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ