вторник, 22 октомври 2024

Путин: Западот би можел да прибегне кон саботажа бидејќи санкциите се бескорисни

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа на состанок за економски прашања оцени дека Западот може да прибегне кон акти на саботажа бидејќи, како што рече, санкциите против Русија се „бескорисни“.

Објавено на

часот

Сподели

„Она за што навистина сме загрижени е кога потенцијалот на агресијата со санкции против нас дошол до максимум е дека актите на саботажа, добрите старомодни акти на саботажа, на главна глобална инфраструктура може да влезат во игра“, рече Путин, пренесе Тасс.

Тој потсети на саботажата на гасоводот „Северен тек“, како и на неодамнешните обиди да се обвини Русија за оштетувањето на гасоводот меѓу Финска и Естонија и изјави дека таквите настани може да се искористат за „да ѝ се нанесе штета“ на Русија, пренесува РИА Новости.

Путин побара таквите ризици да се пресметаат однапред и проактивно да се реагира. Во исто време, предупреди тој, Русија мора да биде подготвена за зголемен притисок од санкциите.

„Во изминатите години тие, нашите таканаречени партнери, веќе усвоија безброј пакети санкции. Практично и самите се вплеткаа во тие санкции. Се обидуваа да не казнат, но на крајот, како што се гледа од статистиката, ја погодија сопствената економија, своите работните места“, рече Путин.

Тој оцени дека Русија успешно ги надминува последиците од рестриктивните мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ