вторник, 22 октомври 2024

Путин за позадината на конфликтот на Блискиот Исток: „САД сакаат постојан хаос“

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот за кризата на Блискиот Исток, каде Израел го бомбардира Појасот Газа во наводна војна против Хамас, милитантната група која на 7 октомври го нападна Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Во телевизиско обраќање на состанокот на членовите на Советот за безбедност и владата како и шефовите на безбедносните агенции, Путин кажа дека „кризата на Блискиот Исток почна со терористички напад против израелски цивили“, по потоа кажа дека „наместо казнување на злосторниците и терористите, за жал, почна одмазда по принцип на колективна одговорност“.

Тој потоа го чепна Западот. Кажа дека „владејачките американски елити и нивните сателити“ стојат зад убиствата на Палестинците во Газа и зад конфликтот во Украина, Авганистан, Ирак и Сирија и дека тие се „најголемите добитници на глобалната нестабилност“.

„Потребен им е постојан хаос на Блискиот Исток. Затоа Соединетите Американски Држави даваат сè од себе за да ги дискредитираат земјите кои инсистираат на моментален прекин на огнот во Појасот Газа, на прекин на крвопролевањето и кои се спремни да дадат вистински придонес на решавање на кризата, наместо да профитираат од неа“, кажа рускиот лидер.

Русија поддржува моментален прекин на огнот во Газа и решение со две држави. Русија го налути Израел откако прими делегација на Хамас во Москва.

Путин кажа дека Русија во Украина се бори со американските сили во сенка.

„На Палестина може да ѝ се помогне само со борба со оние кои се стојат зад оваа трагедија. Ние сме Русија и се бориме со нив во контекст на специјалната воена операција. И ние и оние кои тежнеат за вистинска слобода“, кажа тој.

„Клучот за решавање на овој конфликт е создавање суверена, независна палестинска држава“, кажа Путин, истакнувајќи дека тоа не е целта на Вашингтон.

Тој ги обвини Западот и Украина за настаните во Дагестан, каде гневна толпа во неделата вечерта се обиде да нападне патници кои слетале на аеродромот во Махачкала од Израел.

„Настаните во Махачкала се поттикнати, делумно и преку социјалните мрежи, не само од територијата на Украина туку и од страна на агенти на западните разузнавачки служби“, кажа рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ