вторник, 22 октомври 2024

Путин: Украина рускиот авион го урнала со американски систем „патриот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина со противвоздушен систем „патриот“, кој ѝ го дале Соединетите Американски Држави, минатата недела го урнала рускиот воен авион илјушин Ил-76 во кој, според тврдењата на Москва, загинале 74 луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин кажа и дека Русија бара да се спроведе меѓународна истрага на тој инцидент.

Москва го обвини Киев за уривањето на авионот и убиството на 74 патници, вклучувајќи 65 украински воени заробеници кои биле на пат за размена за руски заробеници. Украина ниту потврди ниту негираше дека го урнала авионот и бара докази за тоа кој бил во леталото.

„Авионот е урнат и дефинитивно утврдивме дека е урнат со американски систем „патриот“. Бараме да се спроведе меѓународна истрага. Ниедна меѓународна организација не сака тоа да го направи“, истакна рускиот претседател.

Додаде дека Украинците на авионот испукале два проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ