вторник, 22 октомври 2024

Путин: Украина има катастрофални загуби, а ние имаме постојан прилив на доброволци

Објавено на

часот

Сподели

„Загубите се блиску до ниво што може да се смета за катастрофално“, рече тој за време на разговорот, додавајќи дека украинските загуби на луѓе се десет пати поголеми од руските.

Според Путин, Украина на 4 јуни почнала „контраофанзива од големи размери, со употреба на резервисти подготвени за таа цел“, во „неколку сектори“ на линијата на фронтот. Путин тврди дека контраофанзивата „не била успешна во ниту една област“.

Тој спомена два сектори на југот на Украина и еден на исток, без да го спомене Бахмут, каде што украинските сили известија за офанзиви во кои напредувале повеќе стотици метри. „Непријателот не успеа во ниту една од тие зони. Тој претрпе ‘тешки загуби’“, додаде Путин, тврдејќи дека половина од загубите на Украина се „неповратни“.

Тој, исто така, рече дека Киев изгубил „околу 25, а можеби и 30 отсто од опремата“ што Западот ја испратил во Украина, наведувајќи 160 онеспособени тенкови и повеќе од 360 оклопни возила.

Од руска страна, тој ја призна загубата на 54 тенка, „од кои некои ќе бидат поправени“.

Сепак, тој рече дека Русија можела „подобро да се подготви“ за нападите со беспилотни летала и артилериските напади на нејзината територија од Украина, кои беа многубројни во последните неколку недели.

„Се разбира, мораме да ја зајакнеме границата (…) Можевме подобро да се подготвиме за ова“, рече тој, по упадот и нападот на руската област Белгород, на границата со Украина. Но тој исто така рече дека во овој момент нема потреба од воведување вонредна состојба, каква што е прогласена во Украина.

Тој, исто така, рече дека Украина е одговорна за минатонеделното пробивање на браната Каховка, за кое рече дека е предизвикано од гранатирање од страна на украинските сили со американските системи ХИМАРС.

Тој рече дека не гледа потреба од дополнителна мобилизација на луѓе за борба во Украина, но дека сѐ зависи од тоа што Русија сака да постигне таму. „Некои јавни личности велат дека ни требаат милион или два милиони (војници). Зависи од тоа што сакаме“, рече тој.

Тој беше прашан и за главниот град на Украина, Киев, кој руските трупи не успеаја да го освојат во почетокот на инвазијата.

„Да се вратиме таму?“, беше одговорот на Путин.

„Дали ни треба да маршираме кон Киев? Ако ни треба, тогаш ни треба мобилизација. Ако не, тогаш не“, рече Путин, додавајќи дека „нема потреба“ да се почне нова воена кампања „денес“. Претседателот, исто така, рече дека руските трупи имаат постојан прилив на доброволци. Над 150.000 луѓе потпишале договор со руското Министерство за одбрана од јануари, рече Путин.

Киев во понеделникот вечерта соопшти дека неговата офанзива на југот и на истокот на Украина за ослободување на териториите под руска окупација е „тешка“, но дека напредува, бидејќи селата на југот на земјата се ослободени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ