петок, 25 октомври 2024

Путин: Трамп ме праша дали сакам да победи Поспаниот Џо

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Доналд Трамп го искарал затоа што го „симпатизира“ актуелниот американски претседател Џо Бајден. Во интервју за државната новинска агенција РИА и за телевизискиот канал Расија-1 рускиот претседател беше прашан што мисли за сопствената улога во предизборната кампања во САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Водителот Дмитри Кисељов рече дека рускиот лидер додал „масло на огнот“ со неодамнешната порака дека повеќе би сакал Бајден да остане претседател.

Путин минатиот месец рече дека Бајден како лидер би бил поповолен за Русија бидејќи тој е „поискусна личност“. „Тој е предвидлив, тој е политичар од стар ков“, рече тогаш.

„Ќе ви кажам една работа што ќе покаже дека ништо не се променило во моите преференции овде. Ние не се мешаме во никакви избори. И како што многупати реков, ќе работиме со секој лидер на кој му верува американскиот народ, американскиот гласач“, рече Путин во своето најново интервју.

„Во неговата последна година како претседател, Трамп, актуелниот претседателски кандидат, ме префрли дека го симпатизирам Бајден. Тој во еден разговор ме праша: ‘Сакаш ли да победи Поспаниот Џо?’. И тогаш, на мое изненадување, почнаа да го гонат (Трамп) затоа што ние наводно сме го поддржале како кандидат. Тоа е комплетна бесмислица“, додаде тој.

Путин нагласи дека верува оти предизборната кампања во САД „сè повеќе станува нецивилизирана“. „Американскиот политички систем не може да тврди дека е демократски во секоја смисла на зборот“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ