сабота, 19 октомври 2024

Путин: Русија потпиша воени договори со 40 африкански земји

Објавено на

часот

Сподели

„Со цел да ја зајакнеме одбранбената способност на земјите од континентот, развиваме партнерство во воената и воено-техничката сфера“, рече Путин за време на вториот и последен ден од вториот руско-африкански самит.

„Русија потпиша договори за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански земји, на кои им доставуваме широк спектар на оружје и опрема“.

Путин рече дека африканските земји добиле оружје и технологии, некои бесплатно, „со цел да се зајакне безбедноста и суверенитетот на земјите“.

Претставниците на африканските земји се поканети активно да учествуваат на воените форуми организирани од Русија, кои се занимаваат со техничките аспекти на оружјето, како и вежби за запознавање со опремата и нејзината употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ