недела, 24 ноември 2024

Путин постхумно го одликува воениот блогер Владлен Татарски

Објавено на

часот

Сподели

Во указот објавен на рускиот портал за правни информации се наведува дека Татарски е постхумно награден „за покажана храброст во извршувањето на професионалните обврски“, пренесува РИА Новости.

Познатиот воен блогер Владлен Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, загина во неделата во експлозија во Стрит барот во Санкт Петербург, во која беа повредени уште 32 лица.

Осомничената Дарија Трепова вчера е уапсена.

Таа е осомничена дека го убила Татарски давајќи му гипсена статуетка во која имало импровизирана експлозивна направа.

Руските власти соопштија дека го истражуваат нападот во центарот на вториот по големина град во Русија како „убиство што привлекува голем интерес кај јавноста“.

Експлозијата во Санкт Петербург во која загина Татарски е оркестрирана од Украина, соопшти во понеделникот рускиот Национален антитерористички комитет (НАК), кој убиството го опиша како „терористички напад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ