сабота, 19 октомври 2024

Путин одржа говор на парада на руската морнарица, најави 30 нови бродови

Објавено на

часот

Сподели

Четириесет и пет бродови, подморници и други пловни објекти учествуваа на смотрата по повод Денот на морнарицата, која традиционално служи за прикажување на руската поморска моќ, а се одржува во Финскиот залив и на реката Нева во Санкт Петербург.

Во парадата на копно учествуваа и околу 3.000 припадници на руската морнарица, соопшти Кремљ.

Путин, придружуван од министерот за одбрана Сергеј Шојгу и адмиралот Николај Евменов, врховен командант на морнарицата, прегледа некои од бродовите од чамец на Нева пред да го одржи својот говор.

хг

„Денес Русија самоуверено ги спроведува големите задачи на нашата национална поморска политика и постојано ја зајакнува силата на нашата морнарица“, рече Путин.

„Само оваа година во флотата се додаваат 30 бродови од различни класи“, додаде тој.

Во својот говор тој не се осврна на војната со Украина.

Четири шефови на африкански држави присуствуваа на настанот во неделата, а пет други африкански земји испратија свои претставници, соопшти Кремљ.

Тие претходно учествуваа на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург, кој заврши во петокот, на кој се разговараше за дистрибуција на житарки и потенцијални мировни преговори за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ