вторник, 22 октомври 2024

Путин му сврте грб на Шојгу (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделникот Путин и Шојгу ја посетија московската болница Вишневски за да им доделат медали на војниците кои беа ранети во војната против Украина.

Судејќи по однесувањето на Путин, се чини дека и тој е разочаран од резултатите на руската војска во Украина и остави впечаток дека повеќе не чувствува голема наклонетост кон министерот Шојгу.

Пред камерите, тие домаршираа во болницата и додека Шојгу се позиционираше на страната на седнатите војници, претседателот отиде да се ракува со секого од војниците.

Шојгу во еден момент тргна кон Путин да му каже нешто, но рускиот лидер го игнорираше и остана да стои со свртен грб.

„Не треба да сте експерт за говор на телото за да разберете што мисли Путин за својот министер за одбрана Сергеј Шојгу во моментов“, објави на Твитер киевскиот аналитичар за надворешна политика Џими Раштон заедно со видеото, кое веќе е прегледано повеќе од половина милион пати.

Инаку, за време на инвазијата повеќе пати се спомнуваше дека се нарушени односите во рускиот државен врв и дека Шојгу повеќе не ја ужива довербата како порано кај рускиот лидер.

Дури и Институтот за проучување на војната (ИСВ) повеќе пати пишуваше дека Путин би можел да го искористи својот министер како „жртвено јагне“, односно да го прикаже виновен за неуспесите на Русија во Украина.

Кога Путин стана претседател во 2000 година, Шојгу беше еден од ретките луѓе во неговиот близок круг кој не потекнува од родниот град на претседателот Санкт Петербург, ниту служел во руските безбедносни служби, пишува Њузвик.

Шојгу е роден во мал град во близина на монголската граница. Неговата мајка била Украинка, а татко му Туван, односно припадник на етничка група во Сибир.

Истакната фигура во руската политика по распадот на СССР, Шојгу стана министер за вонредни состојби во 1990-тите, функција што ја вршеше до 2012 година. Потоа беше назначен за министер за одбрана, иако и покрај бројот на медали што ги носи, тој немал воено искуство.

Но, тој беше близок со Путин, на претседателот, кој е љубител на кучиња, му подари црно кученце лабрадор наречено Кони Леод Полгрејв или накратко „Кони“ во 2000 година. Путин и Шојгу често се сликани заедно на одмор во руската дивина, на националните медиуми се објавувани слики од нив како ловат и риболоват.

Иако не е јасно дали двајцата се разделени, Шојгу беше жестоко критикуван од руски воени блогери и други за неговото управување со војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ