вторник, 22 октомври 2024

Путин му честиташе на Ердоган: Нашите односи ќе продолжат да се развиваат

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган 100-годишнината од прогласувањето на Турската Република, велејќи дека соработката меѓу Москва и Анкара ќе продолжи да се развива.

Објавено на

часот

Сподели

„Уверен сум дека ќе продолжиме да ја прошируваме билатералната соработка во корист на нашите пријателски нации, со цел да изградиме поправеден и подемократски светски поредок“, ја цитираше Тасс изјавата на Путин.

Соработката во различни сфери носи добри резултати и систематски се спроведуваат големи заеднички процеси, додаде Путин. „Руско-турските односи се развиваат во духот на пријателството и соседството, што беше целосно потврдено на нашата неодамнешна средба во Сочи.“

„Москва и Анкара успешно ги координираат напорите за решавање на клучните прашања, и регионални и глобални“, рече рускиот претседател.

Путин истакна дека Турција во изминатите 100 години надминала многубројни предизвици и постигнала успех во економската, социјалната и во други сфери. „Тоа е многу почитувана земја на глобалната сцена, со полно право“, заклучи Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ