сабота, 19 октомври 2024

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина

Путин по повод втората годишнина од анексијата на украинските региони рече дека Русија „ќе ги постигне сите свои цели“ во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вистината е на наша страна. Сите цели ќе бидат постигнати“, рече Путин во видео обраќање и им го честиташе на Русите „Денот на обединувањето“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кој Русија го слави на 30 септември.

Тој го поздрави „судбоносниот настан“ потребен за заштита на жителите од тие области кои зборуваат руски јазик од „неонацистичката диктатура и радикалниот национализам“.

„Ние не ги напуштивме нашите браќа и сестри“, истакна Путин, а потоа повторно ја бранеше „потребата и легитимноста на специјалната воена операција“, како што руската влада ја нарекува бруталната офанзива против Украина.

„Денес се бориме за безбедна и успешна иднина на нашите деца и нашите внуци“, истакна тој.

Путин ја потпиша официјалната анексија на украинските региони на 30 септември 2022 година, иако Москва не ги контролира целосно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ