вторник, 22 октомври 2024

Путин: Киев ја почна контраофанзивата, но неуспешно

Објавено на

часот

Сподели

„Офанзивата на вооружените сили на Украина почна. Тоа го покажува користењето на стратегиските резерви. Украинските трупи не ги постигнаа своите цели во ниту еден сектор – благодарение на храброста на руските војници и нашата добра организација на војниците“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека ги одбило нападите во регионите Запорожје и Доњецк, предизвикувајќи наводни илјада украински жртви и уништени десетици тенкови и оклопни возила, не давајќи докази за овие тврдења. Се тврди и дека украинската страна четири пати неуспешно ги нападнала руските линии, со два баталјони следени со тенкови, јужно од Велика Новосилка во Доњецк. Руските сили, наводно, одбиле и два напади јужно од градот Орихив во регионот Запорожје, тврди Министерството.

„Сите обиди за контраофанзива досега беа неуспешни. Но офанзивниот потенцијал на силите на режимот во Киев сè уште постои“, рече Путин. Руското министерство тврди дека Украина за 24 часа изгубила околу 1,2 илјади војници, 40 тенка и неколку авиони, меѓу кои и МиГ-29 и Су-25.

Москва во вторникот објави дека за три дена биле убиени 3.715 Украинци, без да објасни како стигнала до толку прецизна бројка. Десетици илјади руски војници поминаа месеци копајќи ровови и градејќи одбрана на линијата на фронтот долга 1.000 километри во очекување на напад за кој се верува дека ќе се обиде да го прекине копнениот пристап до окупираниот Крим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ