вторник, 22 октомври 2024

Путин ја повлече ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се поништува руската ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, објаснувајќи дека Москва на тој начин сака да се усогласи со САД.

Објавено на

часот

Сподели

Русија рече дека нема да продолжи со тестирања доколку Вашингтон не го стори тоа, и дека поништувањето на ратификацијата не го менува нејзиниот нуклеарен став или начинот на кој споделува информации за своите нуклеарни активности.

Вашингтон го потпиша, но никогаш не го ратификуваше договорот од 1996 година. Путин рече дека сака Русија, која го потпиша и ратификуваше пактот, да го заземе истиот став за договорот како и САД.

Некои западни експерти за контрола на оружјето се загрижени дека Русија би можела да се доближи до тестирање заради заплашување во екот на војната во Украина.

Путин на 5 октомври рече дека не е подготвен да каже дали Русија треба да продолжи со нуклеарните тестирања откако некои руски безбедносни експерти и пратеници повикаа на тестирање нуклеарна бомба како предупредување за Западот.

Ваквиот потег може да започне нова ера на нуклеарни тестови од страна на големите сили, стравуваат западните аналитичари. Одобрувањето на Путин на законот за повлекување на ратификацијата беше објавено на веб-страницата на владата, на која се вели дека одлуката стапила во сила веднаш.

Двата дома на рускиот парламент го одобрија овој потег. Постсоветска Русија никогаш не извршила нуклеарна проба. Советскиот Сојуз последен пат тоа го направи во 1990 година, а САД во 1992 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ