Рускиот претседател дополнително го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите.
Тој додаде дека Вагнер дал значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина.
„Никогаш нема да го заборавиме тоа“, изјави рускиот лидер, пренесе Спутник.
Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го информирал за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која загина Пригожин во средата, и дека ќе биде спроведена до крај.
Претседателот рече дека Русија ќе разгледа што велат истражителите за несреќата, но дека за дополнителни детали за инцидентот ќе биде потребно време.
Неговите коментари доаѓаат 24 часа откако авионот, во кој беше вклучен Пригожин на списокот на патници, се урна северно од Москва.
Говорејќи на трговскиот самит во Јужна Африка денеска, Путин не кажа ништо за авионската несреќа, држејќи се до претходно напишаниот говор.
Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што вчера се урна во Русија. Во несреќата нема преживеани, но сѐ уште не е официјално соопштено дека меѓу жртвите е и Пригожин.