петок, 18 октомври 2024

Путин им го честиташе Денот на Русија на граѓаните на таа земја

Објавено на

часот

Сподели

Со овој празник се одбележува денот кога пред неколку децении Русија си го врати суверенитетот по потпишувањето на Декларацијата за државниот суверенитет на Русија од 1990 година.

„Овој празник ја претставува нашата голема историја и славата на татковината, го јакне единството на нашиот многунационален народ и нашата посветеност на земјата, и топлиот, душевен однос кон саканата татковина. Ви го честитам на сите празникот, Денот на Русија“, кажа Путин.

„Денес, во ова тешко време за Русија, овие топли чувства уште повеќе го обединуваат нашето општество и претставуваат силна поддршка за нашите херои“ на фронтот, кажа Путин.

Претседателот на Руската Федерација потсети на големата жртва и трудот на предците на рускиот народ и истакна дека за Русија „таквото наследство е свето“ како и дека Русите „се верни на тие традиции“.

„Патриотизмот и одговорноста за судбината на татковината се чувства кои ни ги оставија нашите предци, кои остварија грандиозни работни и воени победи. Сега сме особено свесни какво е значењето на нивните достигнувања и нивната голема решителност да застанат во заштита на родната земја“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ