вторник, 22 октомври 2024

Путин и Ким Џонг Ун потпишаа пакт, Ким: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун потпишаа сеопфатен пакт за стратешко партнерство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин и Ким ги завршија своите разговори еден на еден кои траеја околу два часа, објавија руските новински агенции.

Тасс објави дека документот ќе ги замени договорите од 1961 и 2000-2001 година. Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека тоа е последица на „длабоката еволуција на геополитичката ситуација во светот и регионот“.

Ушаков рече дека новиот документ е во согласност со сите основни принципи на меѓународното право и нема никаква конфронтирачка природа. Тој рече дека тоа нема да биде насочено против која било поединечна земја, туку има за цел да обезбеди поголема стабилност во североисточниот азиски регион.

Односите меѓу Руската Федерација и КНДР влегуваат во период на нов просперитет, изјави Ким по првиот дел од разговорот со Путин, пренесува руски Тасс.

„Односите меѓу нашите земји влегуваат во период на нов висок просперитет, кој не може ниту да се спореди со периодот на корејско-советските односи во минатиот век“, рече Ким Џонг Ун. Тој изрази уверување дека за време на посетата на Путин „срдечното пријателство на двете земји монолитно ќе зајакне“.

Лидерот на КНДР сесрдно го поздрави својот гостин на почетокот на преговорите. Тој истакна дека оваа посета го потврдува квалитетот на руско-корејските односи, кои влегоа во период на најголем развој. Според Ким Џонг Ун, оваа посета е историски момент и има најважно стратешко значење во историјата на руско-корејските односи.

Ким Џонг Ун го сврте вниманието на тоа како шефот на руската држава беше пречекан од обичните жители на Пјонгјанг. „Мислам дека ентузијазмот што ви го покажаа нашите жители уште еднаш го потврдува вистинското ниво на нашите односи“, рече тој.

Тој изјави и дека Русија „ја одржува стратешката рамнотежа во светот“.

„Владата на Демократска Народна Република Кореја ја цени важната мисија и улогата на силната Руска Федерација во одржувањето на стратешката стабилност и рамнотежа во светот, а исто така изразува целосна поддршка и солидарност на руската влада, армија и народ во спроведувањето специјалната воена операција во Украина за заштита на суверенитетот, безбедносните интереси, како и територијалниот интегритет“, нагласи Ким Џонг Ун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ