сабота, 19 октомври 2024

Путин го отвори самитот Русија-Африка: Бесплатни житарки за шест африкански земји

Објавено на

часот

Сподели

„Во следните месеци ќе можеме да обезбедиме бесплатна испорака од 25.000 до 50.000 тони житарки“, рече Путин во говорот што го пренесе руската телевизија.

Како што наведе, житарките ќе бидат доставени во Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и Еритреја.

Африканските земји изразија загриженост по неодамнешното раскинување на договорот за извоз на украинското жито преку Црното Море.

На самитот Путин изјави дека повеќе од 70 отсто од украинското жито извезено благодарение на тој договор завршило во богатите и средно богатите земји, вклучително и во Европската унија.

„Посиромашните земји, како Судан, беа измамени и добија помалку од три отсто од украинското жито“, рече Путин, додавајќи дека западните санкции го спречуваат извозот на руско ѓубриво во сиромашните земји.

„Овде имаме парадокс. Од една страна, западните земји ја попречуваат испораката на нашето жито и вештачките ѓубрива, додека, од друга страна, лицемерно нѐ обвинуваат за моменталната состојба на светскиот пазар на храна“, рече Путин.

Во Санкт Петербург денеска започна вториот дводневен самит Русија-Африка. Првиот се одржа во октомври 2019 година во Сочи, на Црното Море.

На самитот во Санкт Петербург учествуваат 49 од 54 африкански земји, заедно со 17 шефови на држави и четворица премиери. Кремљ соопшти дека САД и Франција „бесрамно“ направиле сѐ за да ги спречат другите земји да учествуваат на самитот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ