петок, 25 октомври 2024

Путин до Додик: Мило ми е што те гледам повторно, ние сме братски народи (ВИДЕО)

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа во Казан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Путин му посака добредојде на Додик во градот Казан и истакна дека се надева оти присуствувањето на самитот на БРИКС е корисно, пренесува Кликс.ба.

„Се надевам дека имавте добри и корисни контакти за време на овој настан“, рече Путин.

Додик се заблагодари за пречекот и можноста да види како изгледа средба од ваков формат и изрази желба Република Српска да биде вклучена во некои од формите на БРИКС.

„Се радувам на вашиот напредок на економски план, тоа покажува дека воведените санкции не ги даваат посакуваните ефекти“, рече Додик и го информираше претседателот Путин за американските санкции што му беа воведени нему и на официјалните претставници на РС, поради поткопувањето на Дејтонскиот мировен договор, корупција и збогатување на сметка на јавните ресурси.

Наводно, Додик му рекол на Путин дека пред два дена одбил воведување визи за руските граѓани и го информирал за приказните за наводните кампови во РС. Тој зборуваше и за интервенционизмот.

Тој рече дека ЕУ го условува натамошниот напредок на БиХ на европскиот пат со барања како што е воведување визи за Русите.

На средбата присуствуваа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и шефот на претставништвото на РС во Москва Душко Перовиќ.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „важно е соработката со Република Српска да биде од практична природа и да се развива во духот на взаемно почитување, како што треба да биде меѓу братските народи“, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека политичките контакти меѓу Русија и Република Српска се прошируваат.

Во разговорот со претседателот на РС, Путин истакна дека е запознаен со тешкотиите со кои се соочува Република Српска и низ какви искушенија мора да поминува.

„Сигурен сум дека со вашиот карактер и ориентацијата на граѓаните кон заштита на националните интереси ќе се надминат сите тешкотии. Мило ми е што повторно ве гледам“, рече Путин.

Путин додаде дека времињата се менуваат и ситуацијата во светот се менува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ