сабота, 19 октомври 2024

Пунктовите на МВР за издавање лични документи ќе работат и утре и задутре

Објавено на

часот

Сподели

Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје утре, на 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, потсетуваат од МВР.

Оттаму нагласуваат дека таквата одлука нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време. Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ