Службеничката на полициската управа во Канзас Сити, Дона Дрејк, соопшти дека две лица починале на местото на настанот, а третото починало во болница, пренесе АП.
Жртвите биле возрасни лица, соопшти полицијата, додавајќи дека нападот е под истрага.
Во Соединетите Американски Држави загинаа 115 лица во 22 масовни убиства во првите четири месеци и шест дена од оваа година, објави Гласот на Америка.