вторник, 22 октомври 2024

Пукал во воздух и му се заканувал на соседот со гасен пиштол

Четириесет и едногодишниот С.К.,  жител на село Драчевица, во Општина Студеничани, вчера бил повикан на службен разговор во полиција заради упатување закани на неговиот сосед со гасен пиштол од кој што испукал неколку куршуми во воздух.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 14.45 часот во полициското одделение Шуто Оризари бил извршен службен разговор со С.К.(41) од с.Драчевица, општина Студеничани. Тој се сомничи дека на 18.06.2024, по претходна расправија, упатил закани на неговиот сосед Ф.М.(43) од Скопје и испукал неколку куршуми во воздух од гасен пиштол“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ