Нема повредени лица, извршен е увид, а 43-годишникот е задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
„Сeкторот за внатрешни работи Тетово со апел и потсетување до граѓаните дека самоволно пукање со огнено оружје на свадбени или други семејни свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека глобата за овој прекршок, согласно членот 31, се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува глобата согласно член 32 од истиот закон и за неовластено приредување огномети, факелијади и слични приредби. Во зависност од околностите и крајните последици, пукањето со огнено оружје може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за што според член 288 од Кривичниот законик предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полицијата на граѓаните им советува и задолжително да ги пријавуваат огнометите во најблиските полициски станици или одделенијата на подрачјето каде што се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги спроведат сите превентивни мерки за заштита на животот и имотот на сите присутни на свечености, но и воопшто.
Потсетуваат дека СВР Тетово без исклучоци ефикасно ќе ги санкционира ваквите прекршоци со изготвување на соодветни поднесоци и со преземање на законски предвидените мерки.