недела, 21 јули 2024

ПСЖ ја става на тест Барселона, нуди рекордни 250 милиони евра за ангажман на Јамал

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку месеци се шпекулираше дека ПСЖ на маса ставил фантастични 200 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал.

Но Барселона, и покрај тоа што е во финансиски проблеми, го одби овој предлог.

Како што пренесува денешното издание на Мундо Депортиво, „светците“ не се откажуваат и доставиле нова понуда.

ПСЖ е подготвен да го сруши рекордот на Нејмар, и да плати 250 милиони евра за да го ангажира Ламин Јамал како наследник на Килијан Мбапе.

Сепак, „каталонците“ и понатаму инсистираат дека немаат намера да ја продадат својата млада ѕвезда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ