вторник, 22 октомври 2024

Првото гласање за уставните измени ќе биде на 18 август

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прими Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот, чиј предлагач е Владата и тој е веднаш доставен до пратениците и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието.

Од Собранието информираат дека согласно Уставот и Деловникот, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери веќе ја закажа пленарната седница за 18 август во 11 часот. Пред да се разгледа Предлогот на пленарна седница, согласно прописите, Предлогот ќе го разгледа Комисијата за уставни прашања, чиј претседател е Џафери. Седница на Комисијата за уставни прашања е закажана за 25 јули во 10 часот. Согласно законските одредби, Комисијата треба да расправа по Предлогот најмногу десет работни дена. Со оглед на тоа што 2 Август е неработен ден, а за 27 јули веќе е закажана седница за пратенички прашања, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши помеѓу 7 и 9 август. По што, Предлогот ќе се разгледува на пленарна седница, на која дебатата трае до десет работни денови.  

Доколку, со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува Заклучок и го праќа материјалот до Владата. Собранието, со Заклучокот утврдува рок во кој подносителот (Владата), изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив.  

Од Собранието потсетуваат дека работата на Комисијата за уставни прашања и пленарната седница ќе бидат пренесувани во живо на Собранискиот ТВ канал и граѓаните ќе имаат постојан увид во работата на Парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ