Белгија не ја оправда фаворитската улога против Словачка, популарните „црвени ѓаволи“ не знаеја како да ги искористат шансите, а и кога ја тресеа мрежата, ВАР им го расипа славјето.
Словачка поведе во 7. минута, Доку погреши при едно додавање во опасната зона, а Шранц донесе 0-1.
Ретко кој очекуваше овој резултат да гласи и на крајот, но токму тоа се случи.
Белгија имаше неколку прилики да се врати во игра, особено во второто полувреме, но недостасуваше квалитетна завршница.
Лукаку два пати ја затресе мрежата, еднаш во 56. минута, и втор пат во 86. минута, но ВАР им го расипа славјето. Во првиот наврат голот беше поништен поради офсајд, а во вториот случај поради играње со рака на зачетокот од акцијата.
IVAN SCHRANZ OPENS THE SCORING AGAINST BELGIUM ON THE REBOUND!!!
TERRIBLE GOALKEEPING FROM CASTEELS!!!#EURO2024
📽️ @PushGoalspic.twitter.com/UCXKFnHQWX— Football Report (@FootballReprt) June 17, 2024