петок, 29 ноември 2024

Првите луѓе на судството бараат итни механизми за евентуално отповикување на членовите на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

Саити го информираше Лога за тековните активности на Здружението на судии во однос на статусните прашања на судиите, независноста и самостојноста на судскиот систем, како и ставот на Здружението за последните случувања во контекст на нарушената доверба и мерките кои се преземаат во насока на нејзино подобрување, соопштуваат од Министерството за правда.

Министерот Лога ги презентираше своите видувања во однос на овие и други прашања кои се однесуваат на ефикасноста и независноста на судскиот систем, притоа фокусирајќи се на новата Стратегија која е во изработка и прашањата кои се опфатени во неа.

„Министерот ја истакна потребата од зголемување на напорите на судиите во насока на придобивање на довербата на граѓаните и потребата од континуирана надградба на правната регулатива која би придонела кон евидентирање на евентуалните правни недоследности при постапувањето на судиите и судските органи“, соопштуваат од Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ