вторник, 22 октомври 2024

Првиот голман на Србија му одговори на Тадиќ: Јас сум подобро подготвен од него!

Предраг Рајковиќ со насмевка на лицето вели дека физички тој е подобро подготвен од Душан Тадиќ, и додава дека атмосферата во репрезентацијата на Србија е на одлично ниво.

Објавено на

часот

Сподели

Капитенот Душан Тадиќ создаде тензија во соблекувалната откако по поразот од Англија упати критики на адреса на селекторот Драган Стојковиќ.

Офанзивниот фудбалер порача дека е најподготвен играч во тимот, па не му е јасно зошто останал на клупата за резерви, и шанса добил во второто полувреме.

Потоа следеше жесток одговор на популарниот Пикси, а имаше и написи дека Душан Тадиќ не се појавил на синоќешниот тренинг.

Сепак, првиот голман, Предраг Рајковиќ ги смирува страстите.

„Јас сум подобро подготвен од Душан Тадиќ“ – вели Предраг Рајковиќ со насмевка на лицето.

„Атмосферата е супер. Можеби во неделата главите беа жешки па се кажа тоа што се кажа. Сепак тоа е минато, целиот фокус е на Словенија“.

„Но, слободно можете да напишете дека физички сум подобро подготвен од Тадиќ!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ