недела, 14 јули 2024
Му дадoа договор на дури четири години

Првиот Австралиец тренер во Премиерлигата, Тотнем го потврди Анге Постекоглу

Објавено на

часот

Сподели

Тотнем конечно го одбра наследникот на Антонио Конте, Анге Постекоглу е нов тренер на „спарси“.

57 годишниот стратег, кој ќе биде првиот Австралиец тренер во Премиерлигата, доби долгогодишен договор и се обврза на дури четири години.

Првиот човек на клубот, Даниел Леви рече: „Анге носи позитивен менталитет и брз, офанзивен фудбал. Има одлично резиме кога е во прашање развој на фудбалери и добро разбира каква е важноста на академијата и поврзаноста со првиот тим, работи кои се многу важни во овој клуб. Задоволни сме што Анге ни се придружи и почнуваме да се подготвуваме за новата сезона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ