недела, 20 октомври 2024

Протестираа кумановските пензионери, најавија доаѓање во Скопје на 7 ноември

Пензионери денеска се собраа на протест на градскиот плоштад во Куманово со барање пензиите линеарно да се зголемат за 5 илјади денари и за утврдување на минималната пензија на 20 илјади денари. Тие порачаа дека нема да отстапат од овие барања.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите цени и давачки постојано се зголемуваат. Нашите пензии се топат од ценовните шокови и инфлацијата. Немаме пари ниту за нормална исхрана, ниту за сите лекарства, а за друго нешто не станува збор дека можеме да си пришутиме.Потребно е пензиите да се доволни за достоинствен живот“, изјави Мирослав Цветковски од здружението „За достоинствен живот“.

Од ова здружение веќе доставиле барања до Министерството за труд и социјална политика, но и до амбасадите во државата.

„Имаме поднесено и до Уставен суд и бараме како што се зголеми за функционерите 78 проценти, да донесат одлука и нам да ни се зголемат пензиите“, изјави Цветковски.Пензионерите се пожалија дека пензиите не се доволни за храна, сметки и лекови.

Тие најавија дека ќе учествуваат на протестот со други здруженија од ниво на државата, што ќе се одржи во Скопје на 7 ноември со почеток во 11 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ