вторник, 22 октомври 2024

Протест „Србија против насилството“: Насобраните околу зградата на претседателството скандираа „Вучиќ оди си“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Петтиот протест „Србија против насилството“ започна нешто по 18:00 часот на платото пред зградата на српскиот парламент, од каде дел од учесниците во колона преку плоштадот Славија се упатија во прошетка низ белградските улици и направија прстен околу претседателството.

 

 

Според известувачот на агенцијата Бета, граѓаните целосно ја наполниле улицата „Краља Милана“, а насобраниот народ продолжувал да доаѓа преку плоштадот „Славија“, минувајќи покрај „Цветниот плоштад“, а потоа и покрај зградата на Андриќеeв Венец.

Организаторите на протестот најавија дека нема да се откажат од барањето за смена на членовите на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на РТС, гасењето на одредени провладини печатени медиуми, како и укинување на програмите и националните фреквенции на оние телевизии кои промовираат насилство.

 

 

Се бара и разрешување на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.

Учесниците на протестот свират и трубат, изразувајќи незадоволство од актуелните власти предводени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

 

 

Учесниците на протестот „Србија против насилството“ вечерва по прошетката низ централните улици на Белград, формираа таканаречен „прстен“ околу зградата на Претседателството, односно Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.

 

 

Собирот го обезбедуваа бројни обезбедувачи кои беа видно означени со натпис „Србија против насилството“.

Учесниците на собирот свиреа за време на прошетката, а голем дел од нив носеа транспаренти на кои беа испишани барањата на протестот.

 

 

Нешто пред 20 часот паркот меѓу зградата на Претседателството и Собранието на Белград беше исполнет, а на Андриќевиот венец во близина на Претседателството беа оставени неколку големи транспаренти со натпис „Србија против насилството“.

На собирот говореа актери, новинари, водители и други јавни личности кои апелираа до граѓаните да не се откажуваат од своите барања поврзани со намалување на насилството во медиумите и јавниот простор, смена на членовите на Советот на РЕМ, министерката за внатрешни работи и директорот на Безбедносно-информативната агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ