вторник, 22 октомври 2024

Протекол кровот во ГОБ 8 Септември, нема опасност по пациентите, уверуваат од болницата

Поради големото невреме што синоќа го зафати Скопје, кровните одводи не успеале да ја соберат целата надојдена атмосферска вода и дошло до протекување меѓу првата и втората операциона сала. Поради тоа, се работи во две други операциони сали на приземјето во болницата, изјави денеска, директорот на Градската општа болница (ГОБ) 8 Септември, Христијан Костов.

Објавено на

часот

Сподели

„Има мајстори кои работат на лице место, се санираат последиците од невремето, проблемот ќе биде надминат за најбрзо можно време, ама пациентите не трпат, се работи во две други сали. Пациентите не треба да се грижат, нема никаков застој во медицинската грижа и заштита“, изјави Костов за МИА.

Костов нагласи дека фреквенцијата на пациенти е многу голема, особено последните месец и пол дена, бидејќи салите во Клиничкиот центар Мајка Тереза не работат, а им недостасува и персонал, особено во услови кога се и годишни одмори.

Директорот изрази надеж дека најбрзо што може ќе се надминат проблемите со операционите сали на Клинички, за да може и во ГОБ 8 септември да се растовари состојбата со зголемениот број на пациенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ