Телевизијата Фокс њуз објави дека Доналд Трамп победил во Висконсин, кој носи 10 електорски гласа.
Според Фокс њуз, Трамп сега има 277 електорски гласа, што значи дека откако ќе биде официјално инаугуриран во јануари следната година, тој ќе стане новиот претседател на Соединетите Американски Држави.
Доналд Трамп ги чека резултатите од изборите во изборниот штаб во резиденцијата Мар-а-Лаго во Палм Бич.
Британскиот десничар Најџел Фараж и Едуардо Болсонаро, син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, се само дел од јавните личности што ги чекаат изборните резултати на имотот на Трамп на Флорида.
Inside Mar-a-lago… pic.twitter.com/qDUXp9oj27
— Lara Logan (@laralogan) November 6, 2024
Со оглед на резултатите, во штабот на Трамп владее еуфорија и тој најави говор.
We are hearing that @realDonaldTrump numbers are so high & he’s winning so big that there aren’t enough blue voters left- this is a win for DJT.
Within an hour, if this continues, we’ll see President Trump step up from Mar-A-Lago & give a “Victory Speech”
Stay tuned & pray! ♥️ pic.twitter.com/ie4Qtju2AW
— The Truth About Vaccines (@TTAVOfficial) November 6, 2024
Trump campaign headquarters, no one is leaving, no one is sleeping, no one feels sorry for Kamala Harris. pic.twitter.com/fiqDSd8nyM
— 𝔹𝕦𝕕 & ℂ𝕒𝕤𝕖𝕪… (@bud_cann) November 6, 2024
Во штабот на Камала Харис луѓето почнаа да си заминуваат, а потпретседателката рече дека вечерва нема да се обрати.
„Имаме уште гласови за броење. Сè уште имаме држави во кои не е донесен резултатот. Ќе ја продолжиме борбата во текот на ноќта за да се увериме дека секој глас ќе се изброи, секој глас ќе се слушне. Затоа вечерва нема да ја слушнете потпретседателката, ќе ја слушнете утре“, рече Седрик Ричмонд од нејзиниот тим.
Во штабот на Камала Харис во Вашингтон е тивко, објави репортер на Си-ен-ен, луѓето си заминуваат.