сабота, 19 октомври 2024

Проруската влада во Херсон: Референдум за приклучување кон Русија само кога ќе престанат борбите

Објавено на

часот

Сподели

Заменик-началникот на воената цивилна управа на Херсон Кирил Стремусов за Ројтерс изјави дека „во моментов не се зборува за референдум“.

„Подоцна ќе објавиме кога ќе се одржи некаков вид гласање или плебисцит, но тоа нема да биде денеска, ниту утре, бидејќи нашата прва задача е да воспоставиме ред и да го организираме системот на администрација во тој регион“, додаде Стремусов.

Украинските власти претходно предупредија дека руските сили и именуваните руски лидери подготвуваат лажен референдум сличен на оној за создавање на сепаратистичките републики во Донбас во 2014 година. Регионот во јужна Украина е под руска контрола од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари.

Стремусов претходно изјави дека проруските власти во Херсон ќе бараат руска воена база во регионот, додавајќи дека руската администрација продолжува со плановите за воспоставување нов „банкарски систем“ кој ќе биде „целосно интегриран“ во рускиот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ