вторник, 22 октомври 2024

Пронајдено е тело на исчезнат велешанец – бил излетан од автопатот со автомобил

Телото на исчезнат велешанец е пронајдено во близина на автопатот Скопје – Велес. Неговиот син пред два дена го пријавил исчезнувањето, а од МВР велат дека станува збор за случај во кој тој со возилото излетал од патот.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на  автопатот ‘Пријателство’, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено патничко возило форд фокус со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 6.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, се вели во полициското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ