петок, 18 октомври 2024

Промоција на романот „Јазол“ од Дејан Алексиќ

Објавено на

часот

Сподели

Романот „Jазол“ во 2022 година ги добил некои од најпрестижните награди во Србија, наградите „Милош Црњански“ и „Владан Десница“. Романот е во издание на Здружението за книжевност, култура и уметнос „Екс Либрис“ од Скопје и е објавена како дел од проектот Регионалната мрежа за културна разноликост со поддршка од Европската Унија.

Промотори и модератори на разговорот со авторот ќе бидат Мите Стефоски и Никола Кукунеш. Одломки од романот ќе чита актерот Роберт Вељановски.

Дејан Алексиќ (Краљево, 1972), поет и автор на литература за деца. Дипломирал на Катедрата за српска литература и јазик на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Објавил десет збирки поезија, една книга драми и преку дваесет книги за деца. Добитник е на голем број значајни награди за неговото литературно творештво: „Васко Попа“, „Меша Селимовиќ“, Змајевата награда на Матица српска, Наградата на САНУ од Фондот „Бранко Ќопиќ“, „Мирослав Антиќ“, „Ристо Ратковиќ“, Наградата на Просвета, Матиќев шал, Бранкова награда. За драмата „Вино и пингвини“ во 2010 година доделена му е Пекиќевата стипендија. Како автор на книги за деца застапен е во читанките и задолжителната лектира за основното образование во Србија.

Во оваа област награден е со значајни признанија. Двапати е добитник на наградите „Политикин забавник“ и „Невен“, награди на Саемот на книгата во Белград, „Русото перче“, „Раде Обреновиќ“, Наградата на градот Ниш за литература за деца, Златното Гашино перо, Доситеевото перо, Наградата на радио Белград, како и меѓународните признанија „Малиот принц“ и „Белиот гавран“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ