недела, 20 октомври 2024
Време

Променливо облачно, попладне и утре дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни.

м

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места обилни (над 30 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ