недела, 14 јули 2024

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

ПроКредит банка свечено ја отвори новата модернизирана филијала во Кавадарци. Со нов и модерен дизајн новоотворената филијала се наоѓа во строгиот центар на градот со адреса на улица Миле Вчков број 1.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај модернизираниот изглед, со оваа филијала на своите клиенти од Кавадарци ПроКредит банка им нуди и нови услуги, тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски насоки, како и поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.

Отворањето на филијалата во Кавадарци е дел од поширока иницијатива на банката за отворање нови филијали и реновирање на постојните, со крајна цел нудење на најдобрите услуги на своите клиенти таму каде што тие се наоѓаат.

Целта на ПроКредит банка е да го подобри персонализираното искуство на своите клиенти и да ги направи своите услуги подостапни, како и да создаде попродуктивна и поудобна работна средина за своите вработени, зголемувајќи ја нивната ефикасност и задоволство.

„Во ПроКредит банка, удобноста и задоволството на нашите клиенти се приоритет. Модернизацијата на филијалата во Кавадарци ја одразува нашата посветеност за обезбедување банкарско искуство прилагодено на уникатните потреби на локалната заедница“, велат од ПроКредит банка.

Новата филијала на клиентите им обезбедува пристап до сите дигитални услуги во најсовремена 24/7 зона, опремена со најнови банкомати коишто нудат можности за внесување на дневен промет, како и уплата и исплата на денари и евра. За бизнисите кои имаат поголем дневен промет истиот можат да го депонираат во кое било време во drop box сефот за дневен промет.

„Воведувањето на модернизираната 24/7 зона е доказ за нашата посветеност на дигиталните иновации како и подобрување на банкарското искуство за нашите клиенти. На овој начин се стремиме да понудиме решенија кои се усогласуваат со потребите на клиентите и се во тек со технологијата“, дополнуваат од ПроКредит банка.

Од банката објаснуваат дека се посветени ѝ на постојано подобрување на мрежата на филијали сѐ со цел да им обезбедат на клиентите ефикасни банкарски решенија.

Дополнително известуваат дека до крајот на оваа година се планирани реновирања, релокации и модернизирања на постоечките филијали, но и отворање на нови, со цел да се подобри целокупното офлајн корисничко искуство на клиентите.

„Нашата цел е да се осигураме дека секоја посета во филијалите на ПроКредит банка обезбедува беспрекорно и пријатно искуство, а нашата нова филијала во Кавадарци е дизајнирана да го постигне токму тоа“, велат од ПроКредит банка.

За повеќе информации за 24/7 Зоните на ПроКредит банка и другите услуги, посетете ја ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).

Koмерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ