понеделник, 21 октомври 2024

Проирански борци во Сирија со ракети нападнале нафтен објект во кој се сместени американски војници

Активисти на опозицијата во Сирија тврдат дека на истокот на таа земја борци кои ги поддржува Иран испукале ракети на нафтен објект во кој се стационирани американски трупи.

Објавено на

часот

Сподели

Нападот следел неколку часа откако американски борбени авиони извршиле воздушни напади на две локации поврзани со дејствувањето на иранската Револуционерна гарда.

Пентагон соопшти дека нападите биле одмазда за нападите со дронови и проектили на американските бази и персонал во регионот кои се засилиле почнувајќи од минатата недела.

Сириската опсерваторија за човекови права, организација на сириската опозиција со седиште во Британија, соопшти дека шест ракети го погодиле нафтеното поле Ал Омар во источната провинција Деир ал Зор.

Опсерваторијата нема податоци за евентуални жртви.

Таа соопшти дека во денешните американки напади се ранети седум проирански борци од Ирак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ