„Овие барања се од суштинско значење за функционирање како спремна, морална и јака Армија. Овие недорешени проблеми се само уназадување на Армијата и на нејзиниот човечки потенцијал, бидејки професионалните војници земаат и до 30 проценти помала плата од цивилниот дел од Армијата, што предизвикува огромно незадоволство покрај другите неостварени права, како што е работниот однос кој трае 25 години на определено време и решението на статусот пензионирање како што е кај професионалните војници во другите НАТО- земји, соопштуваат денеска од Независниот синдикат на профеисонални војници.
Како што посочуваат во соопштението, време е Министерството за одбрана да обрне повеќе внимание за професионалните војници, кои се столбот на одбраната и најбројна категорија работници во МО и Армијата.
„Професионалните војници ја заслужуваат почитта од државата и од тие кои секојдневно ги спомнуваат дека се гордоста на Република Македонија“, подвлекуваат од Независниот синдикат на профеисонални војници.